Сите манипулации што партнерите ги прават на почетокот на врската :))

popara11 октомври, 20111min00
naslovna

Љубовта често во луѓето предизвикува потреба за “игри” преку кои партнерите ја тестираат длабочината на сопствените, а и чувствата на нивниот партнер, велат психолозите. Користат различни методи, а обично со нив се користат во првите фази додека сеуште го “испитуваат теренот”. Таквото тестирање, според психолозите е еден вид на манипулација. Оној кој тестира, се труди да дознае колку партнерот е љубоморен, посесивен, уверлив, но и колку го сака. Но, понекогаш треба да се запрашате дали е тоа исправно, бидејќи оној кој ги форсира ваквите тестови многу лесно може и да го упропасти односот.

Тест бр.1: Ненадејно ладење

Ви се чини дека сте совршен пар, често се гледате и слушате…Но, изнанадно партнерот престанува да ве бара и ви изгледа дека целата “работа” во врската е на вас и како само вие да се трудите. За оној го ги проретчил јавувањата и состаноците, заинтересираноста за другиот претставува вистински доказ на заинтересираност.

Тест бр.2: Случајно запознавање со семејството или со пријателите

Случајна средба со членовите на неговото семејство или блиски пријатели, а партнерот јасно го набљудува вашето однесување, можно е оваа средба да не е толку случајна. Нему вашто однесување му открива дали сте спремни за обврска, т.е. врска со него, дали ви е непријатно и дали сакате што побргу да избегате, што пак може да се сфати како бегање од обврски.

Тест бр.3: Намалување на важноста на вашата врска

Ова е една од најчестите манипулации на почетокот на врската. Еден од партнерите има честа потреба да истакнува дека сега се забавувате, а потоа ќе видите што ќе биде, иако во се се однесувате како вистински заљубен пар. Ако се согласите со неа или поради својата повреденост кажете нешто полошо од тоа, можете да згрешите, бидејќи во овој случај, партнерот очекува љубовна изјава. Но, при тоа не разбира колку му штети на вашиот однос, бидејќи тоа резултира рефлектирање на однесувањето на другиот, без оглед на емоциите.

Тест бр.4: Поттикнување љубомора

Ако ве повика на забава на која ќе биде неговата поранешна девојка, а истата вечер поминува повеќе време со неа, отколку со вас , најверојатно ја тестира вашата граница во љубомора. Наместо демонстративно да ја напуштите забавата, дадете му до знаење со смирен тон дека ваквите игри не ве интересираат и дека не е проблемот во разговорот со другите, туку во тоа што ве запоставил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag