Сите на доктор! :) Докторка од Њујорк со секс ги лечи своите пациенти! :)

popara13 октомври, 20111min00
125778-seks

Доколку некогаш имате психолошки проблеми, можете да се обратите за помош кај психотерапевтката Падма Деви од Њујорк, но бидете спремни за сексуален однос. Поточно, оваа докторка лекува во хотелска соба, каде со пациентот се гали, допира, а често и има сексуални односи.

Иако, начинот на лечење на Деви потсетува на најстариот занает во светот, некои  научници тврдат дека таа е обучен терапевт кој се однесува како „сексуален сурогат“ за мажите кои се соочуваат со разни сексуални проблеми.

На самиот почеток клиентот и докторката треба да бидат облечени, да се фокусираат на вежби, како што се допири по рамења и лице.

Како што напредува самата терапија, тие се соблекуваат, а потоа си ги допираат гениталиите. Доколку е неопходно, сеансата се завршува со секс.

Клиентите на контроверзната докторка се адвокати, лекари, студенти, градежници итн.. оженети или не, докторката на своите пациенти им помага за еректилната дисфункција, предвремена ејакулација или срамежливост.

Најнеобични пациенти биле еден 65 годишен човек и еден 25 годишно момче, кои никогаш не стапиле во сексуален однос, бидејќи сметале дека не се способни за тоа.

Докторката Падма Деви, инаку 31 годишна атрактивна бринета, скапо ги наплаѓа своите услуги, а според неа пациентите воопшто не се жалеле.

Многу психотерапевти мислат дека „сексуалните сурогат услуги“ не ги решаваат емоционалните проблеми и односи на пациентите.

Со нивната констатација не се согласуваат терапевтите, како докторката Падма, кои присуствувале на „Меѓународната професионална сурогат асоцијација“, а кои тврдат дека околу 90% од пациентите на овој начин успеале да ја излечат еректилната дисфункција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag