Французите се познати како најдобри љубовници во светот, но една интересна бракоразводна парница потврдува дека тој „факт“ не треба да се генерализира. Имено маж од Ница е должен да плати оштета од 10.000 евра на својата сопруга, а причината е незадоволството од сексот во текот на бракот.
Мажот е казнет според членот 215 од францускиот граѓански закон. Имено судијата заклучил дека овој член од законот имплицира дека сексуалниот однос мора да биде дел од бракот.
Оваа ретка судска пресуда е донесена откако 47 годишната жена побара развод од својот 51 годишен маж, а причината било недостаток на активности во спалната соба.
Судот во Ница го одобрил разводот и заклучил дека за брачниот бродолом е крив исклучиво сексуално незаинтересираниот сопруг.
Жената која медиумите ја нарекуваат Џен Луис Б. Го тужела својот сопруг за едногодишна присилна апстиненција од секс и барала оштета од 10.000 евра. Иако мажот во своја одбрана ги навел заморот и здравствените проблеми како причина за недостатокот на полов однос во неговиот 21 годишен брак.
„Сексуалниот однос помеѓу мажот и жената се израз на поврзаност и привлечност помеѓу партнерите, а во овој случај тоа изостанува. Склопувањето брак, значи дека брачните парови се согласуваат да го делат животот, а тоа го вклучува и сексот како обврска која сопружниците преќутно ја прифаќаат„ заклучил Судијата.