Со проектот „Скопје 2014“ во центарот на градот се направија нови скулптури, споменици, фонтани и згради. Овој проект треба да го врати сјајот и симболиката на градот кој беше разрушен од страна на земјотресот во 1963 година. Во центарот на случувањата сепак е статуата на „Воинот на коњ“, висок 22 метри. На сите им е јасно дека тоа е Александар Македонски, иако официјално не е именувана така, поради несогласувањата со Грција.
Музејот на македонската борба, кој беше отворен на Денот на независноста на 8-ми септември, по повод 20 години независност на земјата. Потоа триумфалната капија, нова зграда на театарот, нов уставен суд, нова зграда за министерството за надворешни работи и археолошки музеј.
Официјалните трошоци за овој проект се 80 милиони евра, иако се шпекулира дека може да достигнат и до 500 милиони евра.
„Скопје 2014“ ги подели македонците, особено ако се земе предвид дека 30 проценти од населението е невработено. Сепак, по овој проект, Скопје треба да добие ново лице. Некои го критикуаат од аспект на естетиката, бронзените статуи и градби во антички стил. Сепак овој проект и други кои допрва следуваат имаат за дел да привлечат туристи. Во првите седум месеци бројот на туристи е зголемен за 25% во однос на минатата година. Оваа година прв пат, Скопје имал повеќе туристи отколку Охрид, кој е главен туристички град во Македонија.
Државниот статистички завод говори дека во 2001 година имало 99.000 туристи, додека минатата година тој број достигнал 262.000.
Македонија нема море, но затоа има езера, планини, култура и историја. Владата неодмана усвои и предлог за намалување на даноците при продавање на хотели, па се надеваат на повеќе странски инвестиции. Од минатата година бројот на ноќевања на туристи во овој град е значително пораснат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=YBYtmAOt7RI