Скршеното срце го зголемува ризикот од срцев удар?

popara17 декември, 20111min00
skrseno srce

Крај на љубовната врска или смртта на некоја блиска личност може да доведе до срцев удар, тврдат американските научници.

Според новото истражување, љубовни проблеми значително го зголемуваат ризикот од срцеви проблеми. Интересен е фактот дека резултатите покажаа дека жените дури девет пати поподложни на здравствени проблеми предизвикани од синдромот на „скршено срце“ отколку мажите!

Научниците објаснуваат дека крајот на љубовната врска или смртта на некоја блиска личност кај жената предизвикува наплив на адреналин и други хормони кои предизвикуваат зголемување на работата на срцето и значителни промени во срцевиот ритам. Сепак, поголемиот број на жени се опоравуваат од шокот без трајни последици, додека само мал процент од случаите се фатални.

Д-р Абишел Дешмук, специјалист кардиолог и професор на универзитетот во Арканзас,  спроведе истражување на примерок од 6229 луѓе, а резултатите покажаа дека проблемите со срцето предизвикани од љубовните проблеми се многу почести кај жените отколку кај мажите. Затоа, д-р Дешмук препорачува консултација со лекар доколку почувствувате било какви тегоби предизвикани од проблемите во приватниот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag