popara12 септември, 20112min00
new-york-city

Симбол за супер град

“Облакодерите во Њујорк се надпросечно високи, поради тоа можат само да се споредат со нешто наддимензионално. Ако некој дојде со авион или брод, на прв поглед може да ги измери само со морето или со небо“. Skyline Њујорк настана во последните шест децении, тоа е збир на екслузивни деловни згради какви што нема на друго место во светот, иако во текот на годините техниката на изградба се развиваше секојдневно.

Сепак “родното место на Skyscraper-ите“ облакодерите всушност не беше Њујорк, туку Чикаго. Во 1884 година, во Чикаго била изградена високата зграда Home insurance building, според нацртот на Le Baron Jenney. Во Њујорк, во тој период биле поставени ограничувања за висината на новоизградените згради. Дури откако ограничувањата биле укинати, на Мехнетан изникнале познатите згради-кули. Во 1908 година, била довршена високата зграда “Singer“ – фабриката за машини за шиење. Со своите 47 ката и висина од 187 m, во текот на првите 18 месеци претставувала највисоката зграда на земјината топка. Потоа, била изградена педесет катницата за една осигурителна компанија која што достигнала висина од 213 m.

Високите згради уште во минатиот век, претставувале симбол за моќ и сила. Најпознат пример била Вавилонската кула. Во стариот Рим имало 35 m високи станбени згради со 12 катови. Долго време Катедралта во Минстер, со висина од 161 m, ја претставувала границата за висината која што била дозволена за изградба на објекти. Доколку објектите биле повисоки, тогаш нивната тежина би го уништиле материјалот и би дошло до оштетување на објектите. Темелите од преголемиот товар би се разрушиле. Поради тоа, облакодерите започнале да се градат откако костурот на зградите биле направени од челични носачи, а ѕидовите биле зацврстени за нив. Што сé било возможно да се направи од челик, покажал Gustave Eiffel со изградбата на Ајфеловата кула.

На почетокот на Првата светкса војна во Њујорк вече биле изградени десет објекти кои биле високи повеќе од 700 чекори (213 m). Голем број на компаниите на ваков начин ги покажувале своите амбиции на наредите генерации, настојувајќи да ја збогатат сликата на Њујорк со сопствената деловна зграда-кула. Во 1930 година, свечено била отворена Chrysler зградата. Со своите 77 катови и висина од 306 m, ја надминал дури и Ајфеловата кула. Една година подоцна била завршена Empire State зградата: 102 ката, 308 m, 6.400 прозори, 67 лифтови и деловни простории со површина од 16,6 ha; изградена за една година, од страна на 35.000 работници, со тежина од 308.000 тони, собира околу 50.000 луѓе.

Со тоа бил достигнат врвот кој веќе беше невозможно да се надмине, иако техниката на изградба не претставуваше никаков проблем доколку човек посака да изгради уште повисок облакодер. Се покажало дека изградбата на високите згради довело до преголем неискористен деловен простор. Десет години поминало додека сите простории на Empire State зградата биле издадени. Облакодерите биле нерентабилни доколку биле превисоки. Сите останати деловни згради после овој гигант биле далеку пониски – RCA зградата во Rockefeller центарот (70 ката), Lincoln зградата (53 ката) или 166 m висока, со 39 ката, зградата на United Nations една од најубавите згради во Њујорк.

Друг симбол во “небесната линија“ на петнаесет милионскиот град (со своето предградие) е Статуата на Слободата. Оваа Статуа од 1886 година е поставена на Bedloe’s Island (денес Liberty Island) како поклон од Франција по повод прославата на 100 годишнината од независноста на САД. Статуата на Слободата, висока 46 m, вајарот Frédéric Auguste Bartholdi ја скицирал според римските примери.

Gustave Eiffel на овој нацрт ги додал челичните конструкции кои овозможиле потпора на огромната статуа. Челичната конструкција била обложена со дебели, бакарни плочи. Вкупно биле потребни 300 бакарни делови кои тежеле 100 тона. Финансирањето на изградбата на Статуата на Слободата било од страна на Франција.

Изградбата на темелот – кој всушност чинел исто како и самата Статуа – била направена од страна на Америка. На Bedloe’s Island бил изграден еден 47 m висок темел, а за да стигнете до таму е потребно да се поминат 167 скали. Во јуни 1885 година, во 214 санаци во Њујорк биле донесени деловите на Статуата на Слободата. Година дена подоцна било започнато поставувањето на споменикот, а последниот дел бил составен на 28 октомври. Истиот ден, за првпат светнал факелот во нејзината рака. Неколку години подоцна, Статуата на Слободата била прогласена за национален споменик.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag