Слабејте како Французинките

popara18 ноември, 20111min00
francuska dieta

Просечната французинка пие вино, јаде сирење, леб и не е зависник од вежбање. Па, како французинките успеваат да одржат совршена фигура?

Овој “проблем” е познат како “француски парадокс”. Општо земено, французите помалку се оптеретуваат околу храната и вежбањето, а во просек се многу послаби од другите народи.  Што можеме да научиме од нив? Еве неколку практични совети за тоа како да се јаде на француски начин:

Обрнете внимание на големината на оброкот: Тајната на витка фигура во француската култура е уживање во мали порции. Една неодамнешна студија покажа дека американскиот оброк е во просек за 25% поголем од францускиот. Исто така, добро е пред оброкот да се напиете чаша вода или лимонада.

Следете ги внатрешните, а не надворешните знаци: На пример, ако не сте гладни – не јадете. Повеќето луѓе јадат дури и кога не се гладни, на пример пред компјутер или телевизор. Обидете се да избегнувате да грицкате од досада, а самото јадење претворете го во ритуал.

Уживајте во храната: Тоа значи нема брза храна, туку за секој оброк треба да седнете да јадете, наместо да го јадете „од нога“. Одвојте време за секој оброк и научете да уживате во храната.

Времено „лишување“: Доколку денес сте изеле две топки сладоле, обидете се во наредните два дена да го намалите внесот на шеќери. Така, никогаш нема да останете без вашето омилено благо, но ќе се ограничите да не внесувате многу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag