“Дај те ми леб, на диета сум”… звучи неверојатно. Сепак постои и диета за љубителите на јаглехидратите, која ја направија нутриционистите Френсес Лагерман Пот и Елен Кјунс. Оваа диета е многу поразлична од светски познатите Еткинсова, Дукан, Саут бич, кои се засноваат на белковини.
Диетата се базира на отпорен скроб, кој е вид на скроб кој тешко се преработува во тенкото црево, па чувството на ситост трае подолго. Исто така 15 гр од овој скроб го потикнува лачењето на ензимите одговорни за топење на маснотиите и го забрзуваат метаболизмот. Нутриционистите советуваат само да се држите до правилниот избор на јаглехидратите. Белиот леб и тестенините се лош избор, бидејќи тие се претвараат во гликоза, а последицата на тоа е многу брзо по тоа се чувствуваат гладни.
Доколку се решите на оваа диета треба да имате трпение. За еден месец ќе загубите четири килограми. Но, треба да се напомене дека вашиот организам нема да доживее никаков шок, и нема никакви одрекувања.
МЕНИ:
За појадок: ‘ржен леб на тост со путер од кикирики и банана. Ова содржи отприлика 5,6 гр отпорен скроб.
Ручек: Сендвич со мисиркино месо и песто сос. Лебот нека биде црн, премачкајте го со две лажици песто сос, ставете парче мисиркино месо, два листа зелена салата и еден домат. За десерт изедете една јаболка. Овој оброк содржи 2,6 гр отпорен скроб.
Вечера: Интегрална тестенина со сирење и табаско сос. Овој оброк содржи 2 гр отпорен скроб.
Пијалок: Направете коктел од 8 лажици зелен чај и сок од еден портокал, еден лимон. Овој пијалок пијте го во текот на денот.