Поранешната сопруга на Берни Еклстон, Славица ја коментирала скапата свадбата која ја направила за нивната ќерка Петра, и која изнесувала 13.800.000 долари. Всушност, додека Берни смета дека биле потрошени многу пари за свадбата, Славица не се согласува со неговата констатација.
“Не ми е гајле колку чинела свадбата поради тоа што се случува само еднаш во животот. Мислам дека вреди секој долар, бидејќи ја направи мојата ќерка среќна. На кого му е гајле за парите. Мојата свадба беше “с.ање” и јас сакав да бидам сигурна дека мојата ќерка ќе го има најубавиот ден во живот, како што и беше “, изјавила Славица.
Да се потсетиме дека, Петра неодамна стапи во брак со Џејмс Стант, а свадбата во луксузниот римски дворец траела три дена.