Славните ѕвезди и нивната грда половина:))

popara5 октомври, 20111min00
3

Некогаш не е доволно да бидеш најзгоден маж на планетата, ако ова вашата послаба половина не го смета за пожелно. Сопругата на познатиот актер Хју Џекмен, Дебора Ле Фурнес не ги сака неговите мускули и смета дека би требало да се здебели. Покрај Хју и Дебора постојат повеќе познати парови чија убавина не е рамноправна.

Дита Фон и Мерлин Менсон

Кралицата на бурлеска, Дита Фон Тиз и Мерлин Менсон во изгледот, покрај шминката немаат многу заедничи работи. Нивниот брак траеше само една година, од 2005 до 2006 година. Разводот како и бракот беше бурен.

Пирс Броснан и Кејли Смит

Некогашниот Џејмс Бонд, Пирс Броснан е во брак со Кејли Смит, која сигурно умее да готви, судејки по килограмите и по тоа дека Пирс без оглед на фигурата ја избрал за негова  сопуга. Познатиот актер се оженил на 4 април 2001 година. Кејли Смит и Прис Броснан имаат две деца, синот Дилан и ќерката Париз.

Анџелина Џоли и  Боб Торнтон

Една од најубавите жени во Холивуд, Анџелина Џоли беше во брак со актерот Бил Боб Торонтон, во тоа време естетиката не била најважно нешто во животот.. Боб и Анџелина беа во брак до 2003 година, го посвоиле синот Медокс, а се разведоа кога детето имаше само 21 месец. Нивната љубов изгледаше бесмртна, дури направиле исти тетоважи и носеле крв од својот партнер во шишенца околу вратот.

Џенифер Лопез и Марк Ентони

Латино дивата Џенифер Лопез седум години беше во брак со пејачот Марк Ентони, кој има одличен глас, но не и изглед. Тој без оглед на разликата во изгледот, успеа да ја задржи најдолго од сите дотогашни мажи. Марк и Џенифер неодамна се разведоа, наводно поради неверствата на пејачката. Во брак беа од 2004 година  имаат две деца, близнаци Макс и Еми.

Џулија Робертс и Лајл Ловет

Една од најплатените актерки на светот Џулија Робертс не се срамела од својата “посилна” половина Лајл Ловет. Иако таа изјавила дека изгледот воопшто не и е битен, Џулија сепак побегнала од Ловет многу брзо. Бракот на оваа двојка беше краткотраен. Се разведоа во 1995, по само две години брак.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag