Неверојатна среќа имал 80 годишниот пољак кој со својот мал авион, наместо на пат слетaл на дрво, сам излегол од кабината, седел на дрвото на висина од 5 метри и чекал да дојдат пожарникарите.
„Излегов надвор бидејќи чув тресок, мислев дека надвор има бура или силен ветер“, изјавил за полската телевизија човекот во чиј двор се наоѓало дрвото на кое слетал авионот. Тој веднаш ги повикал пожарникарите, откако забележал дека на дрвото виси авион.
Пилотот кога дошле пожарникарите само се пожалил на мали болки во грбот, но подоцна лекарите констатирале дека е сосема добро и нема никаква повреда.
httpv://www.youtube.com/watch?v=QWYfLfbvVbo