Британските одбојкарки решија да го изнајмат долниот дел од нивниот одбојкарски костим за реклами. Шона Малин и Зара Демпни кои се шампионки во одбојка на плажа, потпишале договор за рекламирање на “QR” кодот, односно баркод кои на сопствениците на памтени телефони преку фотографирање ќе им овозможи автоматски пристап до одреден веб сајт.
Овој код ќе биде отпечатен на долниот дел од костимите за капење, какви што се практично дресовите на одбојкарките, така што сопствениците на паметните телефони ќе мора кодовите да ги фотографираат од задниците на девојките.
„Интересот за одбојка на плажа е огромен, па сакавме да стекнеме максимално внимание“, изјавил Енди Лалам од обложувалницата “Betfer”, која реши да се рекламира на ова „ексклузивно“ место!