Случаи кога телесната тежина варира

popara4 декември, 20111min00
Woman at her desk, eating

Се случува во одредени периоди телесната тежина да варира, и ова се најчестите причини за тоа.

Запишување на факултет

Вообичаено на девојките им се случува  во првиот семестар да  добијат 3 килограми вишок поради храната која ја конзумираат за време на паузите, најчесто е  тоа некоја брза храна или грицки а предавањата се распоредени во текот на целиот ден  и ретко кој оди дома за ручек.Друга ситуација е кога се спремаат испитите , најчесто во текот на ноќта и кога се конзумира храна богата со шеќер , затоа што секој студент знае дека шеќерот го храни мозокот, па најчесто се конзумира чоколадо или некакви колачиња.

Канцелариска работа

Познато е дека канцелариската работа придонесува за таложење на килограмите од причина што 8 часа ги поминувате во седење а и најчесто се бира брза храна од околните пекари и сендвичари. За да не ви се случи тоа , ви советуваме доручекот да го конзумирате дома и задолжително да земете некакво овошје за на работа .

Стресни ситуации

Секоја стресна ситуација како развод,  добивање отказ , смрт на некој близок, ги активира хормоните на стресот кои го намалуваат апетитот. Се случува да се изгубат и 5 килограми за многу краток период.Ова не е здрав вид на слабеење и дури може да биде кобно по здравјето. Особено кај  жените поради репродуктивниот систем. Стресот е директен причинител за болести на срцето и докажано е дека предизвикува рак.Вљубеност

Кога сте вљубени немате потреба од храна зошто се храните со љубов и можат да се изгубат до два килограми на почетокот на врската. Нивото на допамин во мозогот расте ,што резултира со намалување на апетитот. Но ова е краткотрајно, штом врската ќе стане стабилна , се се враќа во нормала.

По породување

Се случува да се зголеми телесната тежина кај  тазе мајките од причина што најчесто немаат време да јадат, бираат нездрава храна и оброците не им се редовни. Ако биде во комбинација со неспиење е уште пострашно зошто краткото ноќно спиење резултира со зголемен апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag