Без оглед на тоа колку успешно балансирате во прељубата, по правило измамата порано или подоцна ќе се открие, или барем ќе се јави сомнеж. Покрај сомнителното однесување и женската интуиција, научниците тврдат дека и бојата на гласот може да ве издаде. Во еден интересен експеримент, експертите одбрале мешана машко-женска група на волонтери кои имале задача да слушаат говор на две лица. Едно од тие лицa е склоно на прељуба. Поголемиот број од волонтерите го препознале прељубникот по бојата на гласот. Истражувањата покажале дека луѓето кои нешто кријат обично зборуваат со потивок но длабок тон. Можеби тоа го прават порадит тоа што осеќаат несигурнос во она што го зборуваат. Од друга страна, истражувањата покажале дека жените преферираат мажи со подлабок тон на гласот.
Од тоа што напоменавме може да се заклучи само едно нешто – ако сте прељубник, со својата сакана зборувајте со повисок тон, за да не се посомнева во вас.