На концертот, кој го одржал минатиот викенд во Атланта, Снуп Дог кој е познат по проблематично однесување и употреба на дрога, направил уште еден инцидент.
Раперот излегол на сцена со џоинт во раката и почанал да го пуши, по некое време цигарата ја понудил и на луѓето во публиката. Облечен во тренерки на Лос Анџелес Лејкерс и очила на кои било испишано неговото име, раперот веќе долго време е познат по употребата на лесни дроги. Досега Снуп Дог бил вкупно 6 пати уапсен за поседување марихуана.