Снуп Дог вратен од граница поради премногу кеш во него

popara16 октомври, 20111min00
snup-dog-osnovao-omladinsku-fudbalsku-ligu-u-cikagu_2903

Американскиот рапер Снуп Дог открил дека норвешките власти го вратиле од границата, бидејќи имал “премногу пари во себе.”
Контроверзниот музичар бил запрен од Норвешката погранична служба во петокот минатата недела, кога тој се обидел да влезе во земјата за да настапи не еден музички фестивал во Осло.
Тој на својата Твитер страница напишал “Норвешките граничари се кул момци, но велат дека ќе ми ги земат моите долари! А тоа не е во ред! “, Тој побарал од фановите во Норвешка за застанат зад него.
На Снуп Дог сепак му било дозволено да влезе во Норвешка, и во петокот вечерта настапил во Осло Спектрум арената.
Како што пренесуваат норвешките медиуми, 39-годишниот музичар би требало да одржи три концерти во Норвешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma