Српскиот тенисер Новак Џоковиќ реши да се покаже како добар син и како добар дечко, па на својата мајка и на својата девојка им купил дијамантски прстени во вредност од околу 500.000 евра.
Најдобриот тенисер на светот на својата мајка Дијана и купил дијамантски прстен во неправилна форма, додека тој на девојката Јелена Ристиќ е во облик на срце. Ноле прстените ги купил во Париз, а самите дијаманти потекнуваат од Африка.
Ноле се решил да ги израдува најсаканите жени во неговиот живот откако гледал романтичен филм во кој главниот лик им купува уникатни дијамантски прстени на својата мајка и својата девојка. Ако Ноле прифаќа сугестии од филмовите, тогаш и предлагаме на Јелена да му пушти некој филм за романтичен предлог за брак за конечно да застанат пред олтар.