Со тенк во свингерски клуб: Барале докази за даночно затајување:)

popara13 септември, 20111min00
0

30-тина гости во саботата навечер пријатно си се смеастиле во свингерскиот клуб Х. 6 во германскиот град Вилич. Клубот има 725 квадратни метри, 14 соби, кино сала, сауна, базен и игралиште за 40 лица. Забавата само што започнала, а организаторите на гостите им ветиле дека ќе биде луда и напната.

Меѓу гостите бил и Берт Волершим, актер во сапунски опери и познат како царот на борделите во Дизелдорф. Тој бил заедно со неговата сопруга. Берт изјавил дека го повикале на полноќ за да ја избере најлудата облека за забавата. Но од тоа не било ништо. Околу 150 полицајци во придружба на околопно возило и 30-тина даночници упаднале во клубот, каде во зградата биле пресретанти од многу голи жени и мажи, изјавила потпаролката на полицијата, а сето тоа било спроведено поради потрага на докази за даночно затајување. Полицијата веднаш го уапсила сопственикот на клубот, и еден од членовите на рок-групата на Hells Angels, Маркус В., пишува Билд. Дали се пронајдени докази, полицијата одбила да открие. Но, на некои од гостите очигледно не им се расипало расположението, тие по сослушувањето во полицијата сакале повторно да се вратат во клубот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag