Некои мажи своите жени неможат ни живи да ги поднесат во кревет, но затоа еден виетнамец брачната верност ја подигна на ниво на бизарност.
Всушност, Ли Ван спие со покојната сопруга веќе седум години, а властите неможат да направат ништо за да го спречат во тоа.
Приказната за биарната навика на витнамецот била обелоденета кон крајот на 2009 година, кога витнамските медиуми објавиле слики од човек што спие со гипсана статуа во облик на жена, во кое е телото на неговата мртва жена.
Тој едноставно неможел да се справи со загубата на својата сродна душа, па ги откопал нејзините останки, ги ставил во статуата и продолжил да го дели креветот со неа.
Тоа било една од најчудните вести таа година во Виетнам. Сите верувале дека по медиумската објава властите ќе го убедат Ли Ван повторно да ја закопа својата сопруга. Меѓутоа, тој одбивал да го стори тоа. Кога новинарите неодамна го посетиле во неогвиот дом во Куанг Нам, биле изненадени од ужасната гипсана статуа која и понатаму лежи на креветот.
Овој 57 годишен виетнамец изјавил дека спие со својата покојна сопруга за да во следната инкарнација имаат подобра судбина.