Со витамини до мека и еластична кожа

popara21 ноември, 20111min00
vitamini koza

Убавината доаѓа одвнатре, тоа е докажано правило. За да имате убава кожа, покрај основната нега и козметичките производи, потребно е да конзумирате многу витамини.

Витамините ја подобруваат текстура кожата и ја прават еластична. Со внесување на доволно количество на витамини во организмот, на вашата кожа ќе и биде многу полесно да се регенерира. Кои витамини треба да ги внесувате за да имате мека и еластична кожа?

Витамин Е
Витаминот Е е е најважниот витамин кога станува збор за ревитализирање на кожата. За мека и нежна кожа, јадете храна богата со витамин Е, како бадеми, ореви, кикирики, маслиново масло. Витаминот Е делува и како антиоксиданс и ги отстранува слободните радикали од рганизмот. Витаминот Е е неопходен за луѓе кои имаат сува кожа, како и за оние кои сакаат да се ослободат од лузни.

Витамин А
Присуството на витамин Е во организмот го зголемува производството на витаминот А, кој, исто така, влијае на тонираност на кожата и е антиоксиданс кој го успорува стареењето на кожата и ја одржува нејзината еластичност. Благодарение на витаминот А се обновува епителниот слој на кожата.  Сепак, внимавајте при внесувањето на витамин А, односно внесувајте само онолку колку што е дневно пропишаната доза. Преумерното внесување на витамин А е штетно за телото. Препорачаната дневна доза на витамин А е помеѓу 300 и 1300 микрограми, во зависност од возраста и други здравствени фактори. Храна богата со витамин А е спанаќот, репката, магдоносто, морковот…

Витамин К
Станува збор за уште еден витамин кој има моќ да ја подобри еластичноста на кожата и кој помага во лекување на многу кожни болести. Постојат три видови на витамин К – К1, К2 и К3, кои помагаат во регулирање на протокот на крв. Со подобра циркулација ќе имате значително понежна и поеластична кожа без брчки. Витамин К ќе најдете во  зелени зеленчуци, соја, спанаќ, зелка, пилешко месо, леќа, жолчки од јајце…

Витамин Ц
Витаминот Ц помага во детоксикација и има моќ да ги отстрани отровите и слободните радикали од телото. Витаминот Ц помага и во производството на колаген, кој е задолжен за мазна кожа и младешки изглед. Ќе го најдете во лимоните, портокалот, грејпфрутот, грозјето, зелката…

Витамин Б
Тој е познат и од името Б-комплексот, и е одговорен за зачувување на влажноста на кожата. Недостаток на витамин Б може да предизвика сува и оштетена кожа и првут. Многу креми за третирање на кожни болести содржат витамин Б, односно Витамин Б3 (Ниацин), кој се користи при лекување на стрии, брчки, егзема, хиперпигментација и други кожни проблеми. Витамин Б ќе најдете во житариците, јајца, млеко, ориз, грав, компири…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag