После раскинувањето сите контакти со вашата бивша сте ги прекинале и сте ја избришале од листата на пријатели. Немој да се изненадите ако во вашето сандаќе ве додаде за пријател згодна плавуша која не ја знаете. Пред да кликнете и да го прифатите пријателството, размислете? Можеби позади убавата слика на непознатата се крие вашата бивша и на тој начин сака да ги прати сите ваши потези.
Убавицата и ѕверот
Додека после раскинувањето става слики на кои совршено изгледа само за да ви покаже што имате изгубено и да ве натера да се покаете, истовремено во нејзиниот албум ќе стави слики од вас за кој е сигурна дека нема да бидете горди на нив! Не се вознемирувајте на коментарите со потсмева на нејзиниот пријател, шегувајте се на ваша сметка и на тотј начин свртете ги работите во своја полза.
Војна статус
Статусите се одлично средство за жените кои сакаат да манипулираат. На секој пола саат таа ќе објави некоја ваша тажна романтична приказна и ќе ве претстави како безосетлив и суров човек. Ако ви се случи тоа, воздржете се од полемика, бидејќи тие кои ве познаваат ја знаат вистината.
Веќе има нов дечко?
Немојте да се изненадите ако после неколку дена од вашето раскинување, стави слика со нов дечко. Држење за рака….бакнежи…. Таа сака да станете зелен од љубомора, а на сликата најверојатно е пријател на нејзина другарка кој и помогнал во малата игра на одмазда.