Солени стапчиња со сирење, месо и зеленчук

23 октомври, 20110
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Доколку организирате забава, еве ви една идеја за закуска. Со овие интересни солени стапчиња дефинитивно ќе ги изненадите и воодушевите вашите гости. Потребен ви е една голема правоаголна или коцкаста чинија и малку фантазија.

Потребни состојки:

  • 100 гр. кулен
  • 100 гр.сланина
  • 100 гр. печеница
  • 100 гр. шунка
  • 500 гр. моцарела сирење
  • 200 гр. козјо сирење
  • 200 гр. овчо сирење
  • 2 китки магданос
  • Аспарагус
  • 20 домати
  • 500 гр. пиперки

Припрема: Обарете го аспарагусот и ставете го на две спротивставени страни на чинијата за сервирање. На другите две страни ставете по една китка магдонос.

Исмијте ги доматите и отстранете им ја дршката. Отсечете им го долниот дел за да можат стабилно да стојат на чинијата.

Сите видови на сирење исечете ги на коцки. Потоа земете едно дрвено стапче за ражничи, па на него наредете парче козјо сирење, па сланина, па моцарела, па печеница, па овчо сирење па шунка. На крај врз секое стапче ставете парче свежа пиперка. Постапката повторете ја се додека имате состојки на располагање. Начинот на редење на сирењето и месото не е важен, а ви советуваме да направите најразлични комбинации.

Вака спремните стапчиња со сирење наденете ги врз доматите, кои претходно сте ги наредиле на чинијата за сервирање густо збиени еден до друг. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi