Sony Ericsson го менува името во Sony

popara7 декември, 20111min00
18255949674ede0547b4fb8170812830_orig

Потпретседателот на компанијата Sony, Кристијан Тир, изјави дека од средината на идната година брендот Sony Ericsson ќе остане без Ericsson во своето име.

Од моментот кога Sony откупи 50% од акциите на Ericsson во заедничката компанија, се шпекулираше за тоа дали некогаш ќе биде извршена промена на името.

Sleashgear сега пренесува дека од средината на идната година сите телефони и таблети ќе бидат со име Sony.

Последниот Sony Ericsson би можел да биде Nozomi, за кој се очекува да биде претставен на Mobile World Congress идната година.

Официјалното соопштение за откупот на уделот на Ericsson во компанијата, Sony го објави на крајот на октомври, кога беше соопштено дека со износот од милијарда долари Sony ќе стане сопственик на оваа компанија. Промената би требало да биде готова во текот на јануари идната година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma