Сораја: Брендон лаже, доби отказ и тоа летечи:)

popara5 октомври, 20111min00
soraja-brendon3

Брендон го отпуштија по една недела. Со Сораја ја водеше емисијата “Све за љубав”, но таа сега остана сама и чека да добие нов колега.

Бранислав Радониќ (25) на facebook објавил дека во договор со продукцијата веќе нема да ја води емисијата ‘Све за љубав’.Додал дека во овој проект не можел да г покаже сите свои способности. Но неговата колешка Сораја (24) тврди дека тој всушност добил отказ.

-Сега сум сама, но наскоро ќе добијам нов водител, вели Сораја.

Брендон неодамна го отпуштија, бидејќи не се задоволни од неговиот ангажман, а на телевизија работеше само една недела. Додека на неговата колешка,бујната Црногорка во моментов најважна и е кариерата. Се соблече за српскиот Playboy, а дознавме и дека се верила.

-Тоа се лаги. Да беше вистина, ќе ви се пофалев. Млада сум и заљубена, тоа е вистината, вели Сораја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag