Ѕвездата на реалното шоу „Велики Брат“, Сораја Вучелиќ, деновиве одмора на јадранското крајбрежје, но без нејзината нова љубов.
На фотографиите кои ги објавила на својот фејсбук профил, Сораја е со нејзнината другарка, а од новиот дечко „абер нема“.
Иако првичниот план им бил да се опуштат на плажите во Црна Гора, сепак Сораја и нејзината другарка отишле до Италија, каде се шетале низ Фиренца, Рим, Милано и Сиена, а потоа заминале во Бари, каде продолжиле со својот одмор.
Се надеваме дека оваа разделба не е сериозна и дека наскоро ќе видиме нови слики, овојпат со нејзниот дечко.