Старлетата и Плејбој зајачица Сораја се појави во Будва за да го промовира својот календар, а сите присутни паднаа на колена.
Бујната Сораја одлучи, како и обично да ги пренагласи своите и онака големи облини. Пред да влезе на промоцијата се фотографираше во автомобилот и фотографиите ги стави на Фејсбук.
Како и секогаш, Сораја ги ‘сервираше’ атрибутите, ги испакна усните, а на главата носеше шубара. Преку едното рамо имаше ставено крзнено палто, а на бујното деколте сјаеше раскошниот накит.
Сораја со своите провокативни фотографии, од своите верни пријатели и фанови веднаш доби еден куп пофалби и комплименти.