Младиот и богат наследник од Хрватска, Иван Прупуз, ја запроси Сораја по само три месеци врска, а поранешната учесничка на “Големиот брат” прифатила да се омажи за него.
-Иван клекнал и и поклонил на Сораја преубав прстен, кој таа гордо го носи, велат нејзините пријателки. Идната невеста сепак не сакала да ја потврди оваа информација.
“Мислам дека нема поента за тоа да пишувате, не сакам експонирање на сметка на врска или брак, па би останала без коментар, ако дозволите. Среќна сум и заљубена, а тоа е најважно”, изјавила Сораја.