Сораја сакала нудистички плажи?!? Е баш се изненадивме…

popara18 септември, 20111min00
SORAJA-Sara-Vucelic-Bikini

Познатата Сораја Вучелиќ откри како го поминала летото и што има ново во нејзиниот љубовен живот.  Старлетата, која неодамна се соблече за „Плејбој“, летниот одмор го поминала во Хрватска и Црна Гора.

„Ми беше навистина убаво, работев, се забавував и беше супер. Мислам дека ќе се сеќавам уште долго на секоја вечер“, открива Сораја.

„По „Велики Брат“, брзо се навикнав на надворешниот свет. Бев толку среќна кога видов колку луѓе ме сакаат. Многумина ми приоѓаат и ми кажуваат убави работи за мене, воодушевена сум!“, вели познатата старлета.

Сораја призна дека летово уживала и на нудистички плажи. „Сакам плажи каде што нема гужва, а сум била и на нудистички плажи. Немам ништо против, тоа е право на избори“, вели таа.

Запрашана за нејзиниот љубовен живот, единствениот коментар на Сораја е дека е заљубена, среќна и исполнета. Сепак, таблоидите наголемо пишуваат дека Сораја е во врска со хрватскиот бизнисмен Иван Припуз, врска која старлетата сеуште не ја потврдила, ниту демантирала.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma