Вистински летен десерт.
Десертот се припрема така што ја зовривате водата со шеќерот, и ја додавате изренданата кора од лимон. Исцедете го лимонот и додадете го во изладената вода со шеќер. Исецкајте го нането и оставете нека се излади убаво. Потоа додадете една чаша вотка. Направете снег од белки па во него додадете ја оладената смеса. Добро измиксирајте ја смесата и ставете ја во фрижидер да стои 4-5 часа.
Потребни состојки:
3 лимони
пола литро вода
100 гр шеќер
и мала чаша вотка
белка од едно јајце
гранче нане