Сорош како Нострадамус :) Следела голема депресија :) Па зарем има поголема од оваа?! :)

popara2 октомври, 20111min00
98712

Финансиските пазари го вртат светот кон нова Голема депресија со низа политички последици, оценил американскиот финансиер Џорџ Сорош.

Контроверзниот бизнисмен кој се збогатил со трговија на девизните пазари, во авторскиот текст објавен во лондоснкиот Фајненшал Тајмс, изразил мислење дека владите, особен оние во Европа, ја изгубиле контролата над ситуацијата, а тоа бара брза реакција и затоа тој предлага три чекори.

Прво, според Сорош, владите на земјите членки во еврозоната, мораат да договорат основање на заедничка каса за еврозоната. Во исто време големите банки треба да се стават под контрола на Европската централна банка (ECB), која ќе гарантира за нивните обврски и ќе спроведе докапитализација.

Трето, ECB мора да дозволи земјите како Италија и Шпанија да ги рефинансираат своите кредити со многу ниски камати. Овие чекори, според СОрош, ќе ги смират пазарите и ќе и обезбедат на Европа време да разработи стратегија на раст, без кое неможе да ги реши своите должнички проблеми.

Сорош предлага и практична реализација на своите предлози. Доколку постигнувањето на заеднички договор за заедничка каса се одложи, за време на преговорите, земјите членки на Европа мораат од ECB да побараат да го пополни вакумот. Неопходно е основање на нова меѓувладина агенција која на Европскиот стабилизационен фонд EFSF, ќе му овозможи директна соработка со Европската централна банка.

EFSF за сега постои само како извор на финансирање, а начинот на кои средствата се трошат го одредуваат земјите членки на ЕУ. Предложените измени мораат да бидат одобрени од германскиот Бундестаг, а можеби и од парламентите на другите европски земји. По предложените реформи EFSFпред се ќе се бави со рекапитализација на банките и ќе гарантира за нивните обврски.

Главните банки во европскиот финансиски ситем треба да потпишат договор со фондот, со кои ќе бидат должни да ги почитуваат инструкциите на Европската централна банка. Банките кои ќе одбијат, треба да бидат лишени од гаранции. Европската централна банка ќе мора внимателно да ја надгледува работата на финансиските организации. Овие гаранции ќе елиминираат една од основните причини за кризата.

Целосната докапитализација ќе ја избрише втората причина на кризата, а по закрепнувањето на пазарот, гаранциите може да бидат повлечени. Со цел да се намали притисокот на државните обврзници, земјите како Италија, Европската централна банка треба да ги намали каматите, смета Сорош.

Сорош верува дека неговите предлозиќе помогнат да се надминат тешките фази на кризата во еврозоната и ќе се избегне прераснувањето на грчкиот банкрот во глобална криза. Пазарите во тој случај ќе бидат сигурни дека постои долгорочно решение на проблемот. Сорош истакнал дека е свесен за радикализмот на своите предлози, кои сугерираат Европската банка да добие контрола на општоевропски орган, што нема да им се допадне на владите.

„Само притисокот на јавното мислење ќе успее да се покрене процесот од мртва точка“, заклучил Сорош.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag