Совршена диета

popara5 септември, 20111min00
sovrsena dieta

Диетата со влакна е корисна за сите кои сакаат да живеат здраво но и оние кои имаат проблеми со запек. Диетата има 5 оброци и е во согласност со нутриционисти. Она што е битно за оваа диета е земањето на течности.

Златни правила

*Пред да почнете со диетата – првиот ден подгответе припрема на телото за диетата и чистење на токсините.

*Следете го мените кои можете да го комбинирате по ваша желба.

*Бидете внимателни кога го комбинирате месото во мени, да не се зима и два пати во денот. Истото важи и за јајцата, ако е во доручек, не важи за вечера.

*Можете да го замените ручекот со вечерата во оваа диета.

*Внимавајте додека го спремате јадењето, да нема масти, и користете маслиново масло во салатата.

*Не прескокнувајте ниеден оброк, сите се важни бидејќи цревата мораат да работат.

*Пијте многу вода, дозволено е и чаша вино на ден.

План чистење:

Наутро-чаша свежо припремен сок од овошје или зеленчук

Доручек- чаша мусли со сок од цитрон

Меѓуоброк- салата од портокали и банани

Ручек- свежо исцеден овошен сок, салата по избор, евентуално 50-100 гр. Варени компири

Меѓуоброк- шоља чај и парче леб

Вечера- чаша јогурт, 1 до 2 парчиња интегрален леб со житарици, една јаболка

План диета

Доручек

Oпција 1- една чаша кафе со малку немасно млеко и кафеав шеќер, 2 тенки парчиња интегрален леб со крем сирење, 1 мал домат

Опција 2- 1 чаша овошен чај со сок од лимон , бисквити со тенок слој на диетален марамалад

Опција 3- 1 чаша немасен јогурт со лажица ленено семе, неколку бадеми или лешници, едно овошје по избор

Опција 4- 1 чаша свежо подготвен сок од зеленчук, 2  тенки парчиња интегрален леб со семки, 80 гр урда

Опција 5- Кајгана од 1 или 2 мали јајца, 1 парче интегрален леб, една чаша незасладен чај

Опција 6- Мусли или интегрален корн флекс со 200 мл немасно млеко или јогурт, 1 цитрон

Опција 7- овошна салата со овошје по ваш избор, 1 парче интегрален леб со намачкано сирење

Меѓуоброк

Опција 1- 1 чаша кисело млеко, 1 тенко парче црн леб, 1 мал домат

Опција 2- чаша сок од моркови, двопек со зеленчук

Опција 3-  една чаша јогурт, 1 парче интегрален леб со семки, 1 јаболка

Опција 4- мала салата од зелка, едно парче тост

Опција 5- мал сад овошна салата со пченица

Опција 6- 1 чаша милкшејк, 200 мл млеко со банани, јаболко, портокали

Опција 7- 50 гр суво овошје и неколку ореви по ваш избор

Ручек

Опција 1-1 мала чинија варен спанаќ со 100 гр компир, 150 гр печена риба по ваш избор, 1 јаболка

Опција 2- 1 чаша сок од портокал, 100 гр печено пилешко, 1/ 2 чаша варен ориз, салата од мешано сезонски зеленчук

Опција 3- чинија супа од домати, 100 гр немасно телешко, 150 гр варена брокула и салата

Опција 4- 150 гр компир печен во кора, 150 гр варена боранија со малку путер, 1 портокал или цитрон

Опција 5- 100 гр пилешки гради, 80 гр интегрални тестенини со сос од домати и малку пармезан, салата по избор

Опција 6- 100 гр говедско, 80 гр кафеав ориз, 150 гр мешан зеленчук, неколку сливи или 1 јаболка

Опција 7- чорба од грав и зеленчук со 50 гр јачмен или тестенини, овошје по избор

Меѓуоброк

Опција 1- чаша сок од домат, 1 парче интегрален двопек

Опција 2- 2 чаши кафе, 1 банана

Опција 3- 1 чаша јогурт, со сецкани бадеми

Опција 4- мала чаша мусли со овошен сок

Опција 5- мала чаша сурови семиња со овошје по ваш избор

Опција 6- чаша незасладен чај, салата од моркови, 1 портокал

Опција 7-1 чаша млеко или јогурт со лен семки

Вечера

Опција 1-чинија мешана салата , 1 варено јајце, 1 тенко парше интегрален леб

Опција 2- 1 голем стек од соја со (зеленчук  150-200 гр ), една чаша кисело млеко, јаболка

Опција 3- 1/ 4 печено пилешко со зелена салата, чаша сок од мешано овошје

Опција 4- чинија супа од зеленчук, 2 парчиња пица со мешан зеленчук со малку сирење

Опција 5- мала чинија салата од туна, интегрални тестенини, мешано овошје

Опција 6- 1 порција лазањи со тиквички, 1 јаболка

Опција 7- омилено јадење по ваш избор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag