Спасителот “БО” ја однесе Македонија во четвртфинале :)

popara9 септември, 20111min00
4530

На денот на нашата независност, репрезентацијата на Македонија ни донесе најубав подарок. Македонија за прв пат во историјата се пласира во едно четвртфинале на европско првенство во кошарка. Во Вилнус ја победивме Грузија со 65-63. На 15 секунди до крајот, при изедначен резултат, нашиот најдобар кошаркар Бо Мекејлеб, ја превзема одговорноста, како брз воз помина низ цела грузиска одбрана и положи на 2 секунди пред крајот.

Бо Мекејлеб беше убедливо најефикасен во нашиот тим со 27 поени и имаше 4 украдени топки. Никој друг не ја надмина границата од 10 поени, капитенот Перо Антиќ и Војдан Стојановски имаа по 8 поени. Антиќ забележа и 7 скокови. Тој е трет скокач на Европското првенство.

„Одигравме навистина тежок натпревар и остваривме уште една специјална победа. Специјална затоа што не носи до историското четвртфинале и затоа што се случува денеска, кога Македонија го слави Денот на независноста“, вели Антиќ.

Македонија сега е прва во групата Ф. Со оваа победа си го обезбедивме пласманот во четвртфиналето, и од наредните натпревари зависи кој противник ќе го добиеме. Следен натпревар е против репрезентацијата на Словенија, која денес загуби од Грција со 69-60.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag