Уривањето згради е интересен настан, но кога треба да се сруши 17 катница станува збор за вистински спектакл.
Минатата недела уривањето на стамбениот блок на Glencarin Tower во North Lanarkshire во Шкотска го следеа повеќе од стотина луѓе. Во еден момент 17 катницата, изградена во 1964 година, се претвори во рушевини тешки 12 илјади тони.
За уривање на еден од најмасивните стамбени блокови работниците потрошиле 55 килограми експлозив, сместен на стратешки места во зградата со цел зградата да се урне со што помалку негативни последици.
Погледнете како тоа изгледа:
httpv://www.youtube.com/watch?v=vwd1wpdH-ZQ
httpv://www.youtube.com/watch?v=1H99ohPYEPA