Спилеберг и Кинг во нов филм – која комбинација?!

popara1 септември, 20111min00
dreamworks

Двајца великани во сопствената работа ги здружија силите за да го направат филмот „Under the Dome“ и гордо да му го покажат на јавноста. Стивен Спилберг и Стефан Кинг се партнери во оваа филмската мрежа за овој феноменален роман да го преточат во нова телевизиска серија во продукција на„ DreamWorks“.

Објавен во 2008 година, научнофантастичниот и надприроден трилер се развива околу локалните луѓе во Мејн на едно место за рекреација кое станува опседнато со некоја мистериозна невидлива сила. Еден корумпиран политичар ја користи оваа криза кога сите се во паника, да ја зграпчи  моќта во местото. Локалните луѓе почнуваат меѓусебно да се тепаат и расправаат.

Спилберг и Стејси Снајдер ги добија правата над книгата веднаш откако таа беше објавена. Екипата за филмот е целосна, моментално се бара само сценарист за проектот.

Понатаму, уште еден роман на Стефан Кинг, „Bag of Bones“ ќе се појави на големото платно, а приказната е за еден писател кој се обидува да закрепне по смртта на жена си. Ова ќе биде мини серијал со Пирс Броснан во главната улога.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma