Според вистинска приказна: Лејди Гага гола во видео записот за “Marry The Night”

popara3 декември, 20112min00
0

Пејачката, за својот спот за песната “Marry The Night” изјави дека е автобиографски. Во него се појавува гола, бидејќи во моментот кога била исфрлена од првата дискографска куќа всушност била “гола“.

Во новиот видео запис на Лејди Гага (25 година) за петтиот сингл од нејзиниот најнов албум “Born This Way”, бизарноста не недостига, туку е најмногу нагласена.

Со времетраење од 13 минути и 47 секунди “Marry The Night”, претставува најдолгиот видео запис на пејачката, и за истиот изјавува дека е автобиографски. Контроверзната пејачка во спотот се појавува топлес, со уста полна со житарици, гола свири на пијано, топлес лежи и зборува по телефон, позира во када, а притоа носи само сребрени потпетици на нозете.

– Навистина имам трема, а во исто време сум возбудена бидејќи со вас делам моменти од минатото – напиша пејачката на својот Твитер профил.

Таа изјави дека дел од сцените во спотот го прикажуваат денот кога мислела дека нејзините сонови и бегаат од раце, откако бил избркана од првата издавачка куќа Island Def Jam. Таа откри дека била “гола“, во моментот кога ја дознала лошата вест.

– Ова е веројатно најискрениот момент во ова видео и досега нема ништо поискрено направено – изјави Лејди Гага, додавајќи дека тој ден бил еден од најлошите во неговиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag