Србите убиле 17 вампири?!!!

popara1 декември, 20111min00
119808

Во 19 век во Србија луѓето се бореле против крвопијци и во една ноќ запалиле 17 тела од страв дека се вампири, открил професорот Ричард Суг.

Ричард суг е повеќегодишен истражувач и професор на ренесансната уметност во британски универзитет.

Суг ги истражувал подрачјата на денешна Грција, Романија, Унгарија, Полска, Албанија и Србија, каде верувањето во вампири било особено застапено.

Професорот истакнал дека оваа појава била изразена во 17, 18 и 19 век, а тоа време се совпаѓа со периодот кога постоеле и два најпознати српски вампири, Сава Савановиќ и Петар Благојевиќ.

За Сава се верува дека убивал луѓе кои оделе да мелат жито во воденица, во која тој живеел пред смртта и дека им пиел крв. Додека за Петар се верува дека тој по неговата смрт убивал луѓе, со тоа што им се појавувал и ги давел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag