Среќа Боингот не ми го украдоа, за Мерцедесот ќе прежалам

popara22 септември, 20111min00
john-travolta-

Џон Траволта не дозволува украдената кола да го разочара и растажи. Зборувајќи за овој инцидент, 57-годишниот актер само се нашали на своја сметка споредувајќи го сето тоа со холивудски филм и уште додаде дека е среќен бидејќи неговиот приватен Боинг 707 јет е безбеден во хангарот. Траволта има своја дозвола за пилот и редовно лета со своето семејство низ светот.

Травота се сеќава како го оставил својот автомобил и 10 минути подоцна го немало од паркингот. Вели дека сето ова му личи како филмот „Gone in 60 Seconds“, со тоа што главниот задолжен очигледно бил доста успешен.

Инаку автомобилот „Mercedes-Benz 280SL“ е од 1970 година и чини околу 100.000 долари. Бил украден од паркинг во Санта Моника во неделата. Засега нема никакви траги од него, а за несреќа немало ниту еден сведок кој ја забележал кражбата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma