Имавме среќа што го најдовме бродот во целосна форма, исправен на морското дно, изјавил Грег Стим, главен извршен директор на компанијата Odyssey Marine Exploration, која тврди дека го открила бродот S. S. Gairsopp со целиот негов товар, меѓу кој се наоѓа и 240 тони сребро. Бродот потонал во 1941 година во близина на Ирска. Тој пловел од Калкута, Индија кон Ирска, носејќи чај, железо и сребро.
Во Јужна Африка бродот се приклучил на воен конвој, но влегле во жестока бура. Капетанот проценил дека немаат доволно јаглен за да стигнат до Ливерпул, па така одлучил бродот да плови до Ирска и се одвоил од конвојот. Германска подморница го приметила бродот и го торпедирала. Бродот долг 125 метри потонал заедно со 85-те членови на екипажот кои за кратко време се удавиле. Среброто кое е пронајдено на бродот е во вредност од околу 200 милиони долари.