Кога ќе влезете во темна приземна гаража со метални врати, тешко дека би можеле да ја замислите како свој дом. Но Џереми Бучхолц веднаш го препозна потенцијалот и го повика својот пријател – архитект Матие Де Мариен да му помогне од оваа гаража да го направи својот дом.
Де Мариен, дел од гаражата го претвори во мала тераса, која овозможува навлегување на дневна светлина во просториите, а металните врати ги заменил со дрвени.
Бидејќи висината на објектот не можела да се зголеми поради тоа што е лоциран во историски дел од градот, архитектот работел со она што му е на располагање и успеал на младиот фотограф да му обезбеди 12 метри квадратни тераса и 40 метри квадратни функционален станбен простор.
Погледнете го видеото и ќе видите доста интересни идеи…