Скротувач на алигатори -многу храбро :)

popara6 декември, 20111min00
article-2069200-0F06592800000578-27_634x353

„Можеби тежи 120 кг и има заби кои се доволно остри за да пресечат кои и да било нозе или раце, овој смртоносен алигатор не е ништо друго освен нежно животно“ тврди неговиот храбар старател.

Нелсон, три метарскиот алигатор, најмногу сака да си плива во својот базен додека Стјуарт Паркер, ентузијастот за диви животни, му ја гали брадата, и досега не му се случило да гризне некого.

Г-дин Паркер во моментов е одговорен за раководење со паркот за диви животни Балартво Викторија, Австралија, поради неговата опседнатост со влекачите, која започнала уште кога имал 6 години – кога едно бебе  алигатор го удрило по раката со опашката и гогризнало по градите. Таквиот инцидент не му нанел повреди, ниместо да почне да се плаши од овие суштества, тој ги засакал и продолжил постапките на неговите предци – кои биле творци на паркот за диви животни. Откако поминал години обучувајќи ги животните да бидат толерантни со луѓе, Г-дин Паркер додава дека луѓето не треба да мислат дека алигаторите се без емоции само затоа што селаднокрвни животни.

‘Можеш да бидеш во близина на алигатор затоа што имаат нежна природа. Дури дозволуваат да ги галиш под брадата.  ‘Во нивниот свет, покажуваат доста љубов и внимание меѓу себе.

‘Кога мажјак сака да и се приближи на женка за да се парат, тој се нурнува под вода за да испушти меурчиња околу неа, а потоа и го милува вратот и грбот.

Иако 17 годишниот Нелсон изгледа мошне тежок со неговите 120кг. најголемиот морски крокодил кој живее во центарот за диви животни тежи околу 295 кг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag