Стинг го прослави својот 60-ти роденден

popara2 октомври, 20111min00
Sting_by_Yancho_Sabev

Музичар, актер и продуцент, Гордон Метју Томас познат како Стинг, наполни 60 години. Легендарниот Стинг е роден во Велсенд, Англија и ја започнал својата кариера во групата “Police”. Тричленатa група била основана кон крајот на 70-тите години, а познатите нивни хитови “Roxanne”, “Message in a Bottle” и “Every Breath You Take” ги вивнале на самиот светски музички врв. Групата се распаднала во средината на 80-тите години, а Стинг  продолжил со успешната соло кариера. Тој има работено музика за филмови, но се испробал и како глумец во филмот на Дејвид Линч “Дина.


Стинг долго време се бори за правата на луѓето и животните, и често организира добротворни концерти. Што се однесува до неговиот приватен живот, тој се женел два пати. Во средината на седумдесеттите години, тој се оженил со актерка Френсис Томелти со која имал две деца. По осум години брак се развел од Френсис, и започнал да живее со Труди Стилер, со која тој се уште е во хармоничен брак.
Стинг и Труди се венчале во 1992 година и имаат четири деца. Тој во Њујорк го прославил својот 60-ти роденден, а на забавата настапил и легендарниот Брус Спрингстин. Стинг му се придружил на сцената и ја испеале заедно, “Can’t Stand Losing You”. На забавата Стинг покрај роденденот го прославил своето 25 годишно постоење на музичката сцена, Покрај Брус на забавата биле присутни Лејди Гага, Били Џоел и Стиви Вондер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag