Стип Месиќ е ром! :) Епа за време на избори, сите „тајни“ на виделина! :)

popara12 октомври, 20111min00
Stjepan Mesic (Stipe Mesic)

Дедото на Стипе Месиќ се викал Идриз Ујдоровиќ, бил ром од Лика, кој подоцна го земал презимето на својата жена, бабата на Стипе, Марија, а своето име го променил во Иван.

За поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ напишани се безброј текстови, една книга и тој самиот има напишано „Како ја рушевме Југославија“, а за него се напишани и две биографии. Во уште дестици книги се споменува Стипе Месиќ, но еден детал за кој поранешниот претседател го криел никаде не е спомнат.

За многумина веројатно во спомен им е останато кога во касарната, малку пред да стане претседател некој му дофрлил: „Месиќ, Циган“.

Новоизбраниот заменик на Туѓман, се свртел и рекол: „Да не навредуваме ничии родители“.

Вистинското име и презиме на неговиот дедо е Идриз Ујдоровиќ, кој бил ром од Лика, а подоцна го земал презимето на својата жена, бабата на Стипе, Марија, а своето име го променил во Иван.

Неговите роднини се од Језеране, место на падините на планината Капела во Лика. Ниту во една биографија Стипе Месиќ својот предок Идриз не го споменувал, ниту пак вистинското име на дедото некогаш било обајвено во јавноста.

Сите податоци за правилното име и презиме на дедото на Месиќ, наводно ги има адвокатот Миливој Ашнер, кој оваа година почина во Клагенфурт на деведесет и пет години. Адвокатот, инаку бил шеф на усташката полиција во Пожега. По војната заминал во Австрија, а Месиќ бил еден од најголемите поддржувачи за негова екстрадиција и судење во Хрватска.

Во биографијата на Ивица Џикиќ со наслов “Domovinski obrat”, Месиќ наводно опишал дека неговиот дедо Иван, бил убиен од усташи на почетокот на војната, а на крајот од војната во 1945 година инеговата баба, Марија.

Во своите биографии и биографски текстови Стипе Месиќ тврдел дека неговата мајка умрела кога имал една година и дека го одгледала маѓеата Милева.

Наводно, тој заборавил да спомене дека неговата маѓеа Милева го крстила во Православната црква Свети Никола во Ораховица, кога тој имал пет години. А, Месиќ во своите биографии тврди дека бил крстен во католичка црква.

Податоците од книгата на крстените лица во манастирот во Ораховица исчезнале на почетокот на деведесеттите. Она што било напишано во тие книги веројатно им пречело на многумина, но српските портали не заборавиле да споменат дека вториот хрватски претседател бил крстен и одгледан од својата маѓеа Милева, родена Јовиќ.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag