
Во Јужна Германија еден стоматолог дошол до идеа, да ги облече своите вработени во секси фустани на кои деколтето е она што прво паѓа во очи сѐ со цел да го одвлече вниманието на пациентите, и да заборават на болката. Од стоматолошката ординација изјавиле дека ефектот е постигнат, и устата на пациентите е отворена уште од влезната врата. Од кога е спроведена оваа промена, бројот на пациенти драстично се зголемил, и најчесто тоа се мажи. На ова Д-р Кларковски додал: Конкуренцијата не спие, има салони кои се целосно уредени во Дизни стил, и слично, а ние се одлучивме тоа да го направиме на овој начин.