Стопете го струкот со ананас

popara7 јули, 20111min00
pina

Сонце, плажа и костим за капење во никој случај не одат со вишок килограми, наталожени за време на неактивните месеци. Тенката летна гардероба го открива секој грам вишок, а најдобар сојузник за дотерување на линијата пред летување може да ви биде – ананасот! Диетата богата со ова овошје изобилува со лесни летни оброци, но и хранливи материи.

Свежиот ананас е побогат со хранливи материи (одличен извор на витамини, минерали и ензими кои го поттикнуваат варењето) од конзервираниот, а содржи 46 калории во 100 грама. Диетата се одвива во циклуси од по пет дена, кои можат да се повторуваат. Се советува после 30 дена да се направи кратка пауза. Деновите во диетата се делат на парни и непарни, а според тоа се прави и менито. Сепак, за сите денови важи – најмалку две шолји чај од билки и една чаша обична вода, веднаш по станувањето наутро.

Бидејќи оваа диета е доста рестриктивна во бројот на калории (под 1000 калории), пред преминување на оваа исхрана треба да се консултирате со лекар. Малото внесување на калории на ден може да се корегира со мало зголемување на внесувањето на јогурт, како и зголемена количина на протеини (пилешко месо, мисиркино, риба) во порцијата, која може да се зголеми и за четвртина.

Пример мени за непарните денови (прв, трет и петти ден од диетата)

Појадок: Круг свеж ананас и шолја зелен чај без шеќер, ниско-мастен јогурт (2 дл) со една лажица мусли

Ручек: супа од зеленчук, една лажица варени мелени житарици (ориз, пченица, јачмен, пченка, просо или овес), обарен сезонски зеленчук (нема ограничување во големината на порцијата), парче свеж ананас

Ужина: шолја зелен чај без шеќер, парче свеж ананас

Вечера: 200 гр риба (печена во фолија), салата (морков, пиперка, домат…), парче свеж ананас

Пример мени за парните денови (втор и четврти ден од диетата)

Појадок: чаша свежо исцеден сок (ананас, киви, портокал), шолја замена за кафе без шеќер

Ручек: 180 гр пилешко (или мисиркино) месо печено во рерна, зеленчук печен на плотна или во тавче со многу малку масло (на пр. печен домат), 2 парчиња интегрален двопек и парче свеж ананас

Ужина: парче свеж ананас и 2 дл ниско-мастен јогурт

Вечера: супа од зеленчук (тиквички, моркови, брокула, целер…), тврдо варено јајце, салата од свеж спанаќ и секако, парче свеж ананас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag