Докторите од островот Сулавес во источна Индонезија, неодамна се соочиле со страшни последици од црна магија кога од тригодишно девојче извлекле 28 нокти.
Во случајот кој ги пркоси сите закони на физиката, докторите на рентгенските снимки на ногата и телото на девојката, нашле 28 нокти долги и по 10 сантиметри, скршена игла од инекција и алуминиумски парчиња, за кои немаат објаснување како тие стигнале таму.
Девојката беше за среќа добро, но тоа не ја намалува мистеријата што го опкружува овој случај. Иако голем дел од жителите на овој остров се од муслиманска вероисповест, постои широко распространета пракса на црна магија.
Дури и докторите веруваат дека предмети биле вметнати со помош на магија, бидејќи, освен раните настанати при обидот да се извадат ноктите од телото, нема никаков доказ дека тие се физички вметнати.
И Суахрул Јасин Лимпо, гувернер на регионот, тврди дека ова не е најчудното нешто што се случува таму. „Верувале или не, на Сулавеси е можно да се случи вакво нешто. Често слушаме и за луѓето на кои черепот одеднаш им омекнува, а експертите не знаат зошто тоа се случува. Но, сето ова е резултат на магијата “, изјави Суахрул.
Родителите на девојките исто така тврдат дека тие не знаат како клинците се нашле во нозете на нивната ќерка и дека тие се изненадени од откривањето, и исто така веруваат дека се работи за црна магија.
Дека верувањето во паранормалното навистина е широко распространето го потврдува и претседателот Сусило Бамбанг Јудхојоно, кој тврди дека во 2009 година политичката опозиција фрлила магии врз него, пренесува Abc News.