Топлата и широка облека која ја носиме зимно време го крие нашето тело, па најчесто во зимните месеци се здебелуваме бидејќи немаме претстава за тоа како всушност изгледаме. Спроред една британска студија, луѓето во просек се дебелеат помеѓу 2 и 5 килограми за време на зимата.
Според генетиката, луѓето се дебелеат зиме затоа што нивното тело ги акумулира мастите бидејќи генетската предизпозиција налага зачувување на енергијата во случај да снема храна. Во денешно време тоа не е потребно, бидејќи секаков вид на храна ни е достапен во секое време.
Зголемениот апетит во текот на зимските месеци, исто така, се должи на влијанието на мелатонинот, односно ” хормонот за сон”, кој се лачи повеќе во зима и есен, и кај некои луѓе го поттикнува чувството на глад. Лекарите велат дека причина за накачување на килограми е и видот на храна која ја јадеме. Според нив, нивото на депресија значително се зголемува кога е студено, а со депресијата се зголемува и потребата за „храна за утеха“ која е калорична.
Во зимно време луѓето во просек се движат тројно помалку отколку во лето, што значи дека трошат и многу помалку калории. Доколку не сакате да се откажете од вкусната храна, тогаш мора да се погрижите да спортувате и да трошите повеќе калории. Со седењето пред телевизор само ќе си зададете повеќе проблеми кога ќе дојде пролет. Затоа, нека не ве плаши студеното време, туку облечете потопла облека и прошетајте некаде. Верувајте, зимните прошетки се добри за линијата, но и за вашето расположение.