Студентки се сликале голи за хуманитарни цели. На крај завршиле на порно страници

popara2 октомври, 20111min00
1

Студентите и кадарот од универзитетот во Портсмут се изненадиле кога хуманитарната работа на студентките завршила како обична порнографија.

Имено, студентките се сликале за „гол календар” за да соберат пари за добротворни цели, поради тоа што соблекувањето бара помалку напор од волонтирањето и сличните облици на добротворни работи.

Но, нивната наивност им се одбила од глава кога фотографиите се појавиле на порнографските страници. Иако на календарот сликите се едитирани за да изгледаат попристојно, фотографиите што се објавени на интернет биле со „сиров материјал.”

Календарот се работи секоја година, од 2006 па наваму, и со него се собрани околу 10.000 фунти, а парите се донирани на различни хуманитарни групи. Но, изгледа дека на овој студентски проект му дојде крајот затоа што професорите не сакаат сликите со студентките да се вртат по порнографските страници.

Искористените девојки највеќе ги погодиле коментарите на тие страници, во кои може да се прочитаат секакви коментари за нивниот физички изглед.

21-годишната Рејчел Лојд, која се нашла на насловната страна од минатогодишниот календар, и на која и е драго што овој проект ќе заврши, тврди: „Мојот прв шок беше кога ја видов мојата слика на насловната страна. Никој не ни кажа како тие слики ќе изгледаат и каде ќе завршат. Само сакав да направам нешто во добротворна цел, а никој не ми ги спомна ризиците кои ова сликање ги вклучува. Што ќе мисли идниот мој работодавец?”

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag