Судењето на Мубарак ќе продолжи во септември, но без ТВ пренос

popara16 август, 20111min00
mubarak

Судењето на поранешниот египетски претседател Хосниј Мубарак (83) ќе продолжи во септември, додека судијата во понеделникот одлучил дека судењето нема да се прикужува на ТВ. На Мубарак му се суди за корупција и убиство на демонстранти во немирите во февруари, а за истите злодела се обвинети и синовите на Мубарак, Ала и Гамал. Доколку го осудат Мубарак, би можел да добие смртна казна.

Пред судот повторно се собрале приврзаници на Мубарак кои фрлале камења и се судриле со полицијата, пишува BBC.

Соборениот лидер повторно во судницата бил донесен во болнички кревет. Веќе подолго време имал проблеми со срцето. Мубарак и неговите синови на првото сослушување изјавиле дека се невини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag