Судот одлучи: Конрад Мареј ќе лежи 4 години у “ќорка” поради убиство на Мајкл Џексон

popara30 ноември, 20111min00
v223451p0

Во вторникот попладне, судот во Калифорнија му изрече затворска казна на Конрад Мареј за убиство од немарност за случајот Мајкл Џексон. Обдукцијата покажала дека Џексон починал од предозирање со пропофол кој му бил даден од неговиот доктор Конрад.

Иако луѓето од неговата одбрана, па дури и неговата мајка, побараа од судот да го помилува Конрад или пак да превземат мерки за домашен притвор, сепак тоа не се случи. Судијата изјавил дека Мајкл Џексон бил само експеримент на докторот Мареј.

“Ова е неприфатливо однесување за еден доктор и за неговата чесна професија”

“Секој кој објективно ќе погледне што се случило ќе дојде до заклучок дека д-р Мареј го напуштил пациентот. Тоа е неприфатливо однесување за еден доктор и неговата чесна професија. Зборуваме за девијантно однесување и затоа судот смета дека доктор Мареј нема право на помилување “, изјавил судијата и одредил казна од четири години затвор, во притворот во Лос Анџелес.

“Судот смета дека најдобрата казна е четири години затвор, бидејќи верува дека д-р Мареј го оставил пациентот и му давал потенцијално опасни дроги подолго време. Ја разочара заедницата, пациентите и колегите, а за тоа не чувствува вина или каење и затоа е опасен и се става на четири години затвор “, изјавил судијата, додавајќи дека Конрад за своите дела треба да плати паричен надоместок на децата на починатиот Мајкл Џексон. Одлуката за точниот износ на оштета на судот ќе биде издадена во јануари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag