Сунгерот Боб опасен за малите деца!!!

popara13 септември, 20111min00
9. sungerot bob

Децата на четири годишна возраст кои го гледаат 10 минути цртаниот филм Сунгерот Боб ризикуваат да имаат проблеми со краткорочното насочување и учење, покажа едно од најновите истражувања.

Проблемите се воочени во студијата во која учествувале 60 деца поделени во три групи, едните го гледале „Сунгерот Боб“, втората група цртаниот филм „Каја“, а третата група на деца цртале.

По девет минути, децата правеле тест за менталните функции. Резултатите недвосмислено покажале дека они кои го гледале „Сунгерот Боб“ имале поразителни резултати. Поранешните истражување покажале дека децата кои гледале телевизија се судруваат со долгорочни проблеми со одржување на концентрацијата, но најновото покажува и дека децата трпат и ментални последици.

„Резултатите на студијата не треба да се сфатат како апсолутни, а причината се малиот број на учесниците во истражувањето, меѓутоа сигурно дека создаваат здравствени проблеми. родителите мораа да бидат свесни дека цртаните и програмите кои содржат акција се штетни по здравјето на децата. Важно е што гледаат децата, а не колку време гледаат телевизија“ –  истакнува Димитри Кристакис, експерт за развој на деца во Детската болница во Сиетл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma